Да, навистина постои! Дали знаете каде се наоѓа Зеландија?

Точка

11/02/2020

15:00

2.126

Големина на фонт

а а а

Ова е потопениот континент кој се одвоил од Гондван пред околу 85 милиони години поради поместување на тектонските плочи во надворешната Земјина обвивка.

Изгубените светови се чуваат во многубројни митови и легенди - Атлантида, Хипербореја или Лемурија. Сепак постои вистински континент кој е сокриен под Тихи океан, веднаш покрај Австралија.

Геолозите откриле дека џиновскиот континент под Нов Зеланд настанал како резултат на “огромниот супербавен земјотрес“, тектонски процес кој го создал Огнениот појас на Пацификот.

Зеландија е огромна копнена маса во јужниот дел од Тихи океан, речиси целосно потопена. Островот Нов Зеланд и Нова Каледонија се единствените поголеми подрачја кои се над нивото на водата.


Зеландија на научниците им е позната веќе подолго време, а самото име е осмислено во 1995-та година. Првата експериментална експедиција за испитување на тоа подрачје била организирана во 1972-та година, а потоа имало голема дебата околу тоа дали Зеландија да се класифицира како континент или како фрагментално парче копно.

Во 2017-та година, Експедицијата 371 ги проучила примероците од седиментите во водата на длабочина од седум километри за да утврди дали Зеландија некогаш била дел од Гондвана, суперконтитентот кој опфаќал она што денес е Африка, Јужна Америка, Австралија, Антарктик и Арабија.

Меѓународниот тим на геолози заклучил дека Зелндија по своите критериуми треба да се класифицира како потонат континент, а не како микроконтинент. Се проценува дека Зеландија има површина од 2.9 милиони квадратни километри што приближно е десет пати поголема површина од Шпанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг