Еден знак на вашето лице кој сигурно го занемарувате може да биде симптом за рак на белите дробови

Точка

12/02/2020

20:53

11.337

Големина на фонт

а а а

Ракот на белите дробови ретко кога дава рани симптоми кога болеста е на самиот почеток...

Како и кај многу други видови тумори и ракот на белите дробови очигледно симптомите ги дава дури кога болеста е во поодмината фаза.

Сепак, еден знак на вашето лице може да укажува на развивање на ракот на белите дробови, а станува збор за нешто што може да го забележите и да го занемарите.

Ракот на белите дробови е еден од најчестите во светот.

Многу е важно да внимаваме на помалку важните и сокриени симптоми за болеста да ја откриеме навреме, затоа што лечењето тогаш е поефикасно.


Постојат мали знаци на кои можеби не им давате поголемо значење, но еден од тие знаци се наоѓа на вашето лице.

„Многумина мислат дека отеченото лице е алергиска реакција“ - велат од Центарот за истражување на ракот на белите дробови, а пренесуваат од британскиот „Експрес“.

„Сепак надуеноста на лицето може да биде резултат на опструкција на горната вена која што е главен венски крвен сад на горната половина од телото“.

Таа ја носи венската крв богата со јаглерод диоксид од главата, вратот, горните екстремитети и органите во градниот кош во десната преткомора на срцето.

Опструкција на работата на оваа вена се случува кога ракот на белите дробови се развива во нејзина близина и почнува да ја притиска или пак да се проширува во лимфните јазли кои се наоѓаат во нејзина близина.

Надуеноста исто така може да се појави и во пределот на вратот.


Уште еден симптом кој не смеете да го занемарите е промената на прстите - кога отекуваат и стануваат видливо поголеми.

Тоа е знак дека ни недостасува кислород во крвта, а тоа може да биде знак на развивање на рак на белите дробови.

Друг симптом е наглото губење апетит или пак необјаснето губење на вашите килограми.

„Губењето килограми најчесто се случува кај оние луѓе кои се заболени од рак на белите дробови, рак на дебелото црево или пак рак на панкреас“.

Заболените од рак на белите дробови имаат проблем со џвакање и голтање, а со тоа може да се појават и мачнини и губење апетит.

Останати симптоми за рак на белите дробови се:

- Кашлање кое трае две до три седмици;
- Кашлање кое со текот на времето се влошува; 
- Кашлање проследено со повраќање; 
- Болка при дишење и кашлање; 
- Чувство на замор и недостаток на енергија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг