Доколку сте имале над 10 сексуални партнери тогаш ви се заканува оваа болест

Точка

14/02/2020

14:32

4.006

Големина на фонт

а а а

Бројот на сексуални партнери може да ви открие дали ви се заканува некаква опасна болест.

Иако е познато дека сексот не носи само задоволство и позитивни влијанија на нашето здравје, сепак честото менување на сексуалните партнери може да го зголеми ризикот од настанување карцином.

Експертите изјавиле дека постарите жени кои најмалку имале десет партнери во текот на животот имаат 91 отсто поголема шанса да заболат од рак за разлика од жените кои имале секс само со еден маж.

Исто така и промискуитетните мажи имаат поголем ризик од настанување на оваа болест - дури 60 отсто.


Сексуално преносливи болести

Одредени видови рак се поврзани со сексуално преносливите болести, а научниците откриле дека луѓето кои имале поголем број на сексуални партнери изложени се на поголем ризик од настанување на ХПВ кој се пренесува преку директен контакт на кожа со кожа и може да предизвика некои помалку познати облици на тумор.

Исто така во нивното истражување пронајдена е и поврзаност помеѓу бројот на сексуални партнери и други опасни болести. Научниците откриле дека две третини од жените кои имале секс со повеќе од 10 партнери имаат поголема шанса да заболат од дијабетес и кардиоваскуларни болести.

„Наместо да се грижите за својот број на сексуални партнери, најдобро што може да направите за да го намалите ризикот од рак е да престанете да пушите и да го намалите пиењето алкохол“ - вели Наташа Патрон од организацијата за истражување рак "Cancer Research UK".


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk