Кејт Мидлтон го прекршила кралскиот протокол, јавноста го осудува нејзиното однесување

Точка

15/02/2020

16:21

4.874

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон е моментално во Ирска, каде отпатувала на службена должност.

Војвотката од Кембриџ имала средба со деца од северниот дел на Ирска, а за оваа прилика носела кежуал модна комбинација составена од едноставни црни панталони и маслинесто зелена јакна, а со оглед на фактот дека денот го поминала во природа, одбрала високи кафеави чизми.


Иако сè се одвивало во најдобар ред, експертите за говор на телото забележале еден невообичаен детаљ – војвотката ги раширила нозете додека седела, а многумина се изненадиле што ја гледаат Кејт да седи на овој начин. Иако ова е сосема нормална положба на телото за повеќето луѓе, странските портали пишуваат дека е далеку од дамското однесување кое обично се поврзува со жените од кралските семејствa, како принцезата Дајана.


Мика Мејер, жена која го следи однесувањето на кралското семејство, за магазинот “People” изјавила дека “седењето со раширени нозе е една од најголемите грешки кои една дама може да ги направи”, а кралскиот протокол наложува жените од кралското семејство секогаш да ги држат нозете споени, а дозволено е само благо да ги накриват на една страна.

“Два сигурни знаци на самодоверба и доминација се раширени нозе и опуштен став, а прилично резервираната Кејт го прави токму тоа на овие фотографии што сугерира дека има зголемено ниво на самопочит”, открила експертот за говор на тело, Џуди Џејмс, во разговор за британскиот “Express”.


Таа исто така истакнала дека е ретка прилика да ја видиме војвотката да се однесува на овој начин.

“Често ја забележуваме “вистинската” Кејт кога ќе се облече лежерно во своите фармерки или омилени чизми како овие. Се гледа додека позира дека постојано уживала со овие деца”, додала Џејмс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг