Овој човек го има решението за спасот на планетата Земја — да престанеме да се размножуваме?

Точка

16/02/2020

11:31

6.094

Големина на фонт

а а а

Водачота на некој проект од САД порачал дека сите би требало да живееме долго, а потоа да изумреме како вид – тоа би бил спасот за планетата Земја.

Во екот на глобалното затоплување, американската вселенска агенција НАСА спровела истражување кое покажува дека човечкиот фактор најверојатно е одговорен за климатските промени кои ги проживуваме моментално и кои ќе продолжат да се влошуваат.  

Како што откриваат од НАСА, нивото на јаглерод-доксид се зголемил за 45 отсто само во последните педесет години.

Со оглед на очигледното загадување на животната средина, едно од движењата за спасот на истата смета дека решението се крие во “изумирањето на човечката раса“.


Лес Најт е наставник од САД и основач на “Доброволно изумирање на луѓето“. Припадниците на ова движење себеси се опишуваат како мизантропи со морбидни погледи на светот и поединци загрижени за иднината на сите суштества, вклучувајќи го и човекот како и самата планета Земја.

Нивното мото е: „Живеј долго па изумри“.

Тивко изумирање

Најт движењето го основал во текот на 70-те години на минатиот век. Во неговото име додал “доброволни“ затоа што луѓето на почетокот мислеле дека тој заговара масовни самоубиства. Всушност пораката на Најт е дека луѓето не би требале да се размножуваат.


Тој објаснува дека во текот на шестото масовно истребување е и нашата планета, а дека токму ние сме причината за тоа. Иако повеќе не можеме да ја спречиме биолошката катастрофа која ја предизвикавме, тој верува дека ќе ѝ дадеме шанса на планетата да закрепне доколку ние изумреме како вид.

„Ќе бидат потребни 10 милиони години за природата да се обнови од нашите штети, што е запрепастувачки доколку се земе предвид колку кратко постоиме“ – вели Најт, додавајќи дека за екосистемот би било многу подобро доколку бројот на луѓето се намали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг