Извршниот директор на Манчестер Сити одржал кризен состанок со фудбалерите, крајниот епилог може да биде катастрофален..

Дерби

16/02/2020

13:13

2.382

Големина на фонт

а а а

Непочитувањето на правилата од Финансискиот Фер плеј му донесоа драконска казна на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ добија забрана за настап во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА на која треба да и платат и 30 милиони евра.

Сега се очекува казна и од англиската ФА која може да му одземе поени, а во најлош можен случај да им ја одземе и титулата од 2014 година. 

По целата проблематика, раководството на Сити одржало кризен состанок со играчите. Извршниот директор, Феран Сориан имал состанок со првотимците и ги информирал за иднината на клубот. Во Сити остануваат убедени дека оваа одлука нема да штети на иднината, меѓутоа играчите веќе почнаа да разгледуваат други опции за следната сезона. 

Веќе се пишуваше дека Кевин Де Брујн, Ајмерик Лапорте и Рахим Стерлинг би можеле да си заминат од клубот, а јасно е дека рамнодушен нема да остане ни Пеп Гвардиола кој прв би можел да си оди од Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг