Тениската легенда го прозва Федерер и му одржа лекција - Ги спомна и неговите ќерки: „Постојано му го велам тоа“

Точка

15/09/2026

17:40

765

Големина на фонт

а а а

Американската тениска легенда Били Џин Кинг го прозва Роџер Федерер затоа што не направил доволно во борбата за еднаков награден фонд, сметајќи дека поранешниот светски рекет број еден би можел да има многу поголемо влијание во оваа борба.

Во разговор за „Racquet“, Били Џин Кинг изразила жалење што Федерер и покрај неговото огромно влијание во светот на тенисот, не зазема поцврст став за ова прашање.

Таа додала дека веќе директно го замолила Федерер повеќе да се вклучи во оваа борба.

„Би сакала посилно да се бори за еднаквост, бидејќи постојано му велам: ’Имаш два сина и две ќерки! Во твојот дом владее еднаквост!‘“.


Били Џин Кинг смета дека поранешниот светски рекет број еден би можел да го искористи својот статус, бидејќи на некои турнири сè уште постои разлика во наградниот фонд меѓу машката и женската конкуренција.

„Мислите ли дека тој некогаш би направил нешто што би предизвикало скандал? Не сака“.

Според Кинг, молкот на Федерер може да се објасни со неговата желба да избегне да стане центар на дебатата. Јавното заземање став за еднаков награден фонд, како што додала би го вовлекло во дебата која веројатно би предизвикала негативни реакции.


Нејзините коментари доаѓаат и покрај тоа што Федерер претходно изразил поддршка за еднакви наградни фондови. Уште на Ју-Ес Опен во 2016 година, Федерер изјавил дека ја поддржува еднаквоста, но и дека изедначувањето на паричните награди не е секогаш едноставно. Како пример ја навел историјата на турнирите, истакнувајќи дека некои натпреварувања првично биле наменети само за мажи, а жените им се приклучиле подоцна, или обратно. Тој смета дека ваквите одлуки треба да ги носат организаторите на турнирите.

Во моментов, паричните награди се изедначени само на гренслем-турнирите, додека на останатите АТП и ВТА турнири често постојат разлики во наградните фондови.