„Незаконски е поништувањето на веќе спроведено гласање“

Нетпрес

16/02/2020

14:51

2.915

Големина на фонт

а а а

По денешното гласање на Законот за ЈО во Парламентот кога најпрво беше поништено гласањето откако немаше доволен број на пратеници кои го поддржаа законот, па потоа на повтореното гласање беше изгласан законот, со правно толкување на оваа постапка се јави и универзитетската професорка Тања Каракамишева.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме нејзиниот став:

Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието. Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето. Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање. 

Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури. 

По заклучување на гласање и по завршено гласање ПРАТЕНИК НЕМА ПРАВО ДА БАРА,НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ СМЕЕ ДА ОДОБРИ ПРОЦЕДУРАЛНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИК. 

Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието. 

Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата. 

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА! 

СОБРАНИЕТО ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ПОЧНА ДА РАБОТИ И ЌЕ ЗАВРШИ КАУБОЈСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ!



Спонзорирани линкови

Маркетинг