Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собранието

Макфакс

16/02/2020

16:45

743

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска од кочанско оцени дека законите во Собранието биле донесени на криминален начин.

„Оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието“, рече Јанушев од Оризари.


Тој е убеден дека на 12-ти април, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа. 

„И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас. Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 проценти“, рече Јанушев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг