Зеле Липовача (Дивље јагоде): 40 години во еден албум

Точка

21/02/2020

10:43

3.757

Големина на фонт

а а а

Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“ – „Jukebox“ нема да го заобиколи Скопје. Овој пат „Jukebox“ е симбол на нивните почетоци, минливоста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови.

Имено, основачот на „Јагоде“ – Зеле Липовача во Скопје пристигнува во среда, на 26-ти февруари, и истиот ден од 13 часот ќе се дружи со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store. Прилика за добра музика, автограм и фотографирање со еден од најважните автори и гитаристи на музичката сцена од Вардар до Триглав, човекот кој ги напиша: „Krivo je more“, „Jedina moja“, „Ne želiš kraj“, „Autostop“, „Motori ", „Šejla“, „Zauvijek tvoj“, „Marija“... 

„Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот ‘Jukebox’ не е големо, но тој е секако мало чудо" - вели основачот, авторот на песните и гитарист на „Дивље јагоде“ - Зела Липовача, по повод новиот албум.

После четири синглови и речиси две години чесна работа, новиот студиски албум на „Дивље јагоде“ со наслов „Jukebox“, во издание на Croatia Records е конечно тука!  

Зошто чекавте толку долго за нов албум? 

- Па не е така долго. Концептот на новиот албум на „Дивље јагоде“ е таков да многу се работеше, бараше многу работа, труд, време, но и километри беа потребни за студијски да се организираат сите гостувања на албумот. Како што тргнавме на нашата турнеја 40 години рокенрол од Загреб, преку Белград и Сараево до Канада и Шведска ние се потрудивме на нашите фанови да не им биде досадно додека чакаат.до излегувањето на албумот објавивме три композиции и видео спот. Нашиот последен албум Биодинамична љубов излезе во 2013 –та, а во 2016-та издадов самостоен инструментален албум Internal Waves of Love. Кога се ќе се собере три години пауза помеѓу албуми не е ништо страшно. Не одиме на хипер продукција, туку сакаме квалитетен албум.


Која е промената во составот?

-Во „Дивље јагоде“ сите овие 40 години се менуваа многу свирачи и пејачи. Можеби би било полесно да кажам дека единствено јас не бев сменет. Во Јагоди со мене се Ливио Берак вокал (Него го претставивме на Биодинамична љубов), а се што знае покажа на Jukebox, посебно во песните Nemam Ništa Protiv и Dug je bio put во која ни гостува и загребскиот рапер Марин Ивановиќ Стока. На клавијатури е нашиот магионичар Дамјан Деуриќ. Освен што може да застанедо најдобрите светски клавијатуристи со својата виртуозност, дамјан е режисер на сите наши спотови за албумот Jukebox. Кога ќе го погледнете спотот за Сама си, ќе го видите неговиот талент, а ќе го покаже и во потовите кои наскоро ќе излезат за Ulica na lošem glasu и Nemam ništa protiv. На бас гитара е другиот Дамјан, Милековиќ. Освен што е добар басиста Дамјан е сеиозен пејач, така што на албумот доби можност да отпее две песни "Zbog Tebe Draga" и "Virtualni Svijet".

Тапанар е Емил Крањич дечко од Вараждин кој за кратко време се вкопи. На оваа турнеја на „Дивље јагоде“ ни се придружи и пејачот Тони Јанковиќ и сега некако ја заокруживме приказната, бидејќи Тони после 35 години е повторно член на бендот. Нешто старо, нешто ново како и Jukebox.

Инспирација за новиот албум? 

- Идејата за новиот албум дојде од фановите. Они сакаа „Дивље јагоде“ да издадат албум со сите пејачи и свирачи кои биле дел од бендот.Не беше изводливо да ги поканиме баш сите, ама се потрудив да соберам барем дел од нив во една целина како би ги прославиле овие 40 години постоење.

Кога ќе имате концертна промоција во Македонија?

- Во средината на наредната недела доаѓаме во Скопје, во неполн состав, каде ќе го промовираме новиот албум, но нема да имаме концерт. Тоа ќе биде само дружење со пријателите, медиумите и фановите на кои ќе им потпишеме CD. Во полн состав се гледаме на концерт во Макеоднија!


Каков е приемот кај новите генерации? 

- Можам да кажам дека го најдовме патот до фановите од сите генерации за сите овие години. Со нас се и оние од 6 години и оние од 66 години во еден глас ги пеат Мотори, Кап по Кап и Криво је море.

Омилен град во Македонија?

- Искрено најмногу време поминувам во Скопје, но Охрид е посебен.

Анегдота од бројните турнеи?

- Се сеќавам на далечната 1983 и една необична ситуација кога го промовиравме албумот Мотори. Мислам дека беше во Битола каде имавме неверојатен дочек. Таков гала дочек ниту сме имале ниту имавме после тоа, не сме доживеале.

(A.B)



Спонзорирани линкови

Маркетинг