Конечно попушти: Милијардерот на 90 години го доби првиот паметен телефон

Точка

25/02/2020

16:55

5.870

Големина на фонт

а а а

Магнатот Вофен Бафет кој е сопственик на 5,6% од акциите на Apple, изјави дека од неодамна се откажал од својот Samsung Haven и сега користи iPhone 11.

Откако телефонот на преклоп го користел се до крајот на минатата година, Бафет напоменува дека и официјално започнал да користи паметен телефон.

Тој вели дека не го купил телефонот iPhone 11, туку „неколкумина од нив“ му го подариле овој уред, меѓу кои и извршниот директор на Apple, Тим Кук кој се обидувал да го натера да премине на паметни телефони веќе неколку години.


Иако Бафет се префрли кон користење на паметните телефони, тој вели дека својот iPhone 11 го користи само за телефонски повици. Тој исто така поседувал и iPad и првенствено го користел за истражување и проверка на цените на акциите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг