Фејсбук забранува рекламирање на содржини кои шират паника за коронавирусот: Рампа и за лажните гаранции за лечење на болеста!

Супермен

26/02/2020

18:30

1.395

Големина на фонт

а а а

Фејсбук забрани рекламирање содржини кои креваат паника односно “се обидуваат да создадат чувство на хаос“ во врска со коронавирусот или пак “ветуваат“ лечење на истиот. Тоа се некои од мерките кои што компанијата ги презела со цел да се намалат дезинформациите кои непрекинто се шират.

Коронавирусот, кој досега однесе 2.770 животи, а заразени се 81.242 луѓе ширум светот е главна тема и на социјалните мрежи.

Како и другите платформи, така и Фејсбук е затрупан со полемики за ширењето на коронавирсот заедно со рекламите за заштитните маски.

„Спроведовме мерки кои се однесуваат на забрана на рекламите кои што се во врска со коронавирусот и создавање “чувство на хаос“ како што се сугестии“ - изјавил портпаролот на Фејсбук.


„Исто така имаме правила за платформите за рекламирање како Маркетплејс кои забрануваат такво однесување“.

Оваа компанија со седиште во Калифорнија има алати за проверување на фактите кај сомнителните објави на Фејсбук и Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk