Лампард подготвува вистинска чистка во Челси: Дури осум фудбалери на излезните врати од „Стемфорд Бриџ“

Дерби

27/02/2020

10:57

1.362

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард речиси сигурно ќе биде многу активен во летниот преоден рок, со цел да го зацврсти тимот кој годинава не изгледа баш најдобро.

„Сините“ од Челси претрпеа катастрофален пораз од Баерн Минхен од 3:0, и со тоа речиси сигурно испаѓаат од трката во Лигата на шампионите, па следна цел до крајот на сезоната ќе им биде пласманот во Топ 4 каде имаат сериозна конкуренција.

„Сан“ пишува дека дури осум фудбалери се наоѓаат на излезната врата од Челси во пресрет на стартот на следната сезона.

Клубот со сигурност ќе го напуштат Кепа Аризабалага, Рос Баркли и Жоржињо, а огромна е веројатноста тоа да го сторат и Маркос Алонсо и Емерсон. Курт Зума, Вилијан и Педро ќе добијат шанса да докажат дека заслужуваат да го носат дресот на Челси, во спротивно и тие ќе бидат продадени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг