Винисиус Жуниор: Судиите секогаш носат одлуки на штета на Реал

Дерби

27/02/2020

15:44

1.245

Големина на фонт

а а а

Младото бразилски крило, Винисиус Жуниор не е задоволен од тоа како арбитрите си ја завршија својата задача на вчершаниот меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити кој им припадна на гостите со 2-1 со што направија голем исчекор кон пласман во четрвтфиналето на Лигата на шампионите.

Реал поведе со 1-0 преку Иско за да од 78 до 83 минута премиерлигашот го сврти резултатот со погодоците на Жезус и Де Брујн.

-Габриел Жезус направи фаул при првиот гол и тоа сите го видоа. Имаме ВАР, ама судијата не сакаше да оди и види снимката. Беше јасно што се случи. Судиите секогаш овде доаѓаат носат одлуки на наша штета, секогаш тоа се случува. Ние сме тим кој има освоено најмногу лигашки титули и пехари во ЛШ, тоа секогаш така ќе биде, -истакна Винисиус.

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ го водеше Даниеле Орсато, а останува да видиме дали Бразилецот за овие негови коментари може да добие казна од УЕФА која секогаш стои во заштита на судиите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг