Ѕвер пуштен од кафез: Aston Martin Valkyrie

Точка

20/03/2020

17:12

1.170

Големина на фонт

а а а

Aston Martin го ослободил својот "ѕвер" и ќе го тестира на улиците ширум Велика Британија.

Aston Martin преку "Twiter" се пофалил дека ограничената серија на суперавтомобили "Valkyrie" почнала да се тестира на јавни патишта, а овој неверојатен автомобил ќе биде произведен во вкупно 150 примероци. 

Името на автомобилот привлекло големо внимание бидејќи станува збор за славната операција за атентат на нацистичкиот Адолф Хитлер, но и за жените од нордиската митологија, кои од небото бираат кој ќе оди во "Валхала".

Би можело да се каже дека тоа е вистинското име за ѕверот кој поседува 6,5 литарски V12 мотор кој во комбинација со хибриден систем произведува 1.176 коњски сили при 10.500 вртежи во секунда, додека неговиот најголем вртежен момент е 900Nm.

На моторот се работело во славната фабрика Cosworth, која тврди дека моторот без проблем ќе минува 100.000 километри.

Меѓу 150-те примероци на Valkyrie вклучени се и 25 модели од верзијата AMR Pro, која ќе се користи само на патеки, а секој од 150-те купувачи ќе мора да издвои речиси 3 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг