KIA се пофали со новиот Sorento

Точка

20/03/2020

17:54

1.939

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејскиот гигант и официјално ја претстави новата генерација на својот најпопуларен џип – Sorento.

Новиот KIA Sorento конечно ја доби својата премиера, а компанијата објави фотографии од моделот, како и видео.

Секако, на предниот дел доминира познатиот „нос на тигар“ кој стана заштитен знак на новата генерација на автомобили на KIA, а вниманието исто така го привлекуваат и ЛЕД светлата, како и поострите браници од вообичаено.


KIA Sorento ќе располага со 2,2-литарски четирицилиндарски “Smartstream” дизел мотор кој произведува околу 200 коњски сили и 440 Nm максимален обртен момент.


На купувачите ќе им биде достапен и хибриден модел – во понудата ќе биде 1,6-литарски “Turbocharge” мотор со четири цилиндри, електричен мотор од 44,2 kWh, како и литиум-јонска батерија од 1,49 kWh. Оваа верзија ќе нуди нешто подобри перформанси, односно 227 коњски сили и 350 Nm максимален обртен момент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг