Почина поранешното момче на Џенифер Лопез - заедно беа 10 години

Точка

23/03/2020

21:43

13.595

Големина на фонт

а а а

Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMZ“.

За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.


Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е верена со Алекс Родригез.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMZ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.


„Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже 'те сакам'“, рекла Иса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг