Ова е првиот тенисер кој јавно објави дека е инфициран од Ковид-19, а тоа е 114-от играч на светот, Тијаго Сејбот Вајлд.
„Поздрав. Само сакам да ви кажам дека сум позитивен на новиот коронавирус. Сам се изолирав претходната седмица. Внимавам на себе, се придржувам до инструкциите кои што ми ги дадоа докторите. Ова е само потсетник до сите да останат дома, да се грижат за луѓето кои што ги сакаат и да помогнат да престане да се шири оваа заразна болест. Останете дома и бидете безбедни“ – порачал тој.
Stay safe pic.twitter.com/rshLHLOTqY
— Thiago Seyboth Wild (@thiagoswild) March 25, 2020
Тој последниот натпревар го одигра пред 19 дена во Аделајд, каде што настапуваше против Австралија во Дејвис Купот.