Светот се плаши од нова закана – кои се симптомите на хантавирусот од кој почина еден човек во Кина?

Точка

25/03/2020

22:25

16.391

Големина на фонт

а а а

Синоќа главна тема на социјалните мрежи беше новиот, хантавирус од кој што почина еден човек во Кина.

Еден Кинез почина како последица на хантавирусот, пренесуваат тамошните медиуми, а поради тоа се прошири паника во моментот кога целиот свет се бори со коронавирусот.

Тоа што е важно да се каже за овој вирус е дека истиот не е нов и дека луѓето и претходно биле заразувани од него.

Хантавирусот преминал од животните на човекот и тоа најчесто од глувците.

Истиот може да предизвика респираторни проблеми баш како и новиот коронавирус.

За среќа, овој вирус не може да се пренесе од еден човек на друг туку само преку контакт со животно – заразени глувци и стаорци.


Кои се симптомите на хантавирусот?

Раните симптоми на овој вирус вклучуваат грозница, главоболка, болки во мускулите, болки во пределот на стомакот, вртоглавица, проблеми со стомакот како и мачнини, повраќање и дијареа.

Некои хантавируси можат да предизвикаат и хеморагиска грозница со бубрежен синдром.

Доколку состојбата не може да се излечи тогаш истата ќе биде фатална по организмот.

Американскиот центар за контрола на болести вели дека хантавирусот се шири во воздухот за разлика од коронавирусот. Се верува дека овој вирус потекнува од глувците и стаорците и може да се пренесе на луѓето преку касање или пак фекалните материи кои што доаѓаат во контакт со луѓето.

Во САД во 2017-та година дошло до мала епидемија на хантавирусот, но бројот на заразени останал на 17. Немало смртни случаи.

Појавата на глодари во куќата и околу неа е главниот ризик од изложеност на овој вирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг