Овој Британец откако прележал Ковид-19 открива уште еден симптом на вирусот...

Точка

27/03/2020

11:41

5.355

Големина на фонт

а а а

Покрај температура, кашлање и потешкотии во дишењето постојат уште некои симптоми на коронавирусот кои што ја следат оваа инфекција...

СЗО наведе дека кај поголемиот дел од заразените луѓе со Ковид-19 имало благи симптоми слични на респираторните болести и дека истите тие ќе закрепнат без некаков посебен третман, пренесуваат од „Express“.

„Постарите луѓе и оние со постојани здравствени проблеми веројатно ќе развијат компликации од оваа болест. Најдобриот начин да се заштитите себе е да се информирате за коронавирусот и да знаете како се шири“ – велат од СЗО.

 Покрај познатите симптоми кои што ги наведовме уште на почетокот на пандемијата, пациентите заразени од коронавирусот се жалеле и на губење на сетилото за вкус, мирис и слух, замор, црвенило околу очите, запуштен и полн нос и неможност наутро да се разбудат.

Многумина го навеле и симптомот за кој досега се пишуваше многу малку, а тоа се болки во мускулите што и не мора да значи дека сте заразани со коронавирус.


Од „Summit Medical Group“ во Њу Џерси го образложиле ова тврдење:

„Баш како и кај вообичаениот сезонски грип, поголемиот дел од луѓето искусиле поблаги симптоми како на пример кашлање, болки во мускулите и малаксаност“.

Еден маж од Британија опишал како изгледа да си заразен од коронавирусот 10 дена.

46-годишниот маж кој што сакал да остане анонимен се заразил од својата сопруга која што во тој период се вратила од патување.

Тој вели дека чувствувал болки во мускулите и имал воспалено грло.

„Се чувствував како да имам грип. Имав главоболка и температура и болки во мускулите кои што се ширеа кон вратот и рамениците па се до градите. Исто така не го чувствував сетилото за мирис и вкус“ – изјавил тој.

Имал проблем и со спињето затоа што го болеле мускулите и често имал грчеви на нозете.

Вирусот делува на нашето тело така што влегува во нашите ќелии и ги ‘хакира’.




Спонзорирани линкови

Маркетинг