Потресна снимка пред банка во Бари, Италија – луѓето повеќе немаат што да јадат, па прават вакви потези од очај...

Точка

27/03/2020

15:56

7.323

Големина на фонт

а а а

Една потресна снимка доаѓа директно од Бари, а на истата се гледа како двајца луѓе стојат и викаат пред банката која што најверојатно е затворена.

За жал, веќе навикнавме да гледаме вакви сцени од Италија кои што настануваат во текот на епидемијата на коронавирусот, а истите доаѓаат од внатрешноста на болниците, мртовечниците.

Како што знаеме, колку повеќе време поминуваме во овие екстремни мерки толку поголема е и штетата врз економијата.

Стануваме сведоци на излив на очај по улиците, луѓето кои што ја изгубиле својата работа или пак ги затвориле своите фирми се на раб на пропаст, а прашање е и дали во ваков тежок период истите ќе имаат од што да живеат.

„Првите знаци на очај кај Италијанците кои што ја изгубиле работата или пак затвориле некој приватен бизнис и немаат пари за јадење. Денес во Бари пред кредитна институција...“ – пишува во описот на оваа снимка која што се појавила на социјалната мрежа Твитер.

Мажот на видеото во еден момент ја тресе металната капија, а изливот на бес се обидува да го смири полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг