Светот ќе доживее страшни загуби! Над 25 милиони луѓе ќе ја изгубат својата работа

Супермен

27/03/2020

14:27

3.564

Големина на фонт

а а а

Во споредба со глобалната криза од 2008-2009-та година, сега зголемена е глобалната невработеност за 22 милиони луѓе.

Глобалните губитоци на работните места како последица на коронавирусот би можеле да ја надминат бројката од 25 милиони, колку што е проценето пред само неколку денови, оценуваат од ОН, напоменувајќи дека извештајот за раст на невработеност во САД е на највисоко ниво, а тоа укажува на експлицитни економски катастрофи.

Меѓународната организација за работа, врз основа на различните сценарија оценила дека пандемијата влијае на светската работна сила и економија и дека бројот на невработеност на глобално ниво е зголемен од 5.3 милиони на 24.7 милиони луѓе.


Меѓутоа, Сангеон Ли, директор на МОР одделението за политика и вработување, изјавил дека обемот на привремена невработеност, отпуштања и бројот на барања за помош поради невработеност е многу поголем отколку што се проценувало претходно.

„Проекцијата за губитокот на работните места ќе биде многу поголема, многу повеќе од 25 милиони колку што се проценуваше претходно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk