Марота: Ќе паднат цените на играчите, можеме да очекуваме…

Дерби

27/03/2020

17:12

1.734

Големина на фонт

а а а

Главниот оперативец на Интер, Џузепе Бепе Марота очекува сериозен пад на цената на фудбалерите по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.

Поради КОВИД-19 скоро и да нема никави спорски настани, па сите спортови особено фудбалот трпат големи последици кои сигурно допрва ќе се почувствуваат.

-Надвор од датумите што допрва треба да се утврдат, мислам дека неизбежно да имаме посиромашен трансфер пазар и можеме да очекуваме повеќе размени на играчи. Ќе видиме генерален пад на цените бидејќи проблемот е глобален. Ќе биде важно да можеме да ги искористиме ресурсите на нашите академии, -порача Марота.

Да потсетиме најголемиот трансфер во фудбалот се случи во 2017 година кога ПСЖ за Нејмар издвои 222 милиони евра по што драстистично се зголемија цените на играчите, нивните плати, но со оглед на тоа што клубовите сега губат сериозен дел од приходивите во оваа криза тогаш повеќе од јасно е дека некои работи ќе се променат во блиска иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг