Јувентус денеска ќе игра дерби пресметка против Аталанта на домашен терен, но во најавата за мечот кој се игра во Торино, пристигна и вест која ќе го принуди клубот да стане активен на трансфер пазарот.
Неколку дена по извонредното деби кое го имаше за Јуве, Камил Грабара ја доби најлошата можна вест, и тоа во вид на тешка повреда на коленото.
Грабара доби јавна пофалба од Спалети за изданието во Лига Европа и добрата игра со нозе, но за жал вчерашниот тренинг се покажал како навистина малерозен за полскиот чувар на мрежата.
По едно лошо движење, Грабра ги скинал лигаментите на коленото, а тоа значи дека за него сезоната практично завршува уште во втората половина од месец септември.
Ова го става и Јувентус како клуб во незавидна ситуација, бидејќи сега ќе мора да бара слободни агенти на трансфер пазарот за да ја пополни позицијата која останува празна по тешката повреда на Грабара.








