OnePlus 8 пристигнува во април

Точка

30/03/2020

17:05

1.903

Големина на фонт

а а а

Деновиве на Твитер се појавија нови рендери на кои е прикажан новиот OnePlus 8 кој ќе пристигне во неколку бои.

Новите бои се Interstelar Glow (комбинација на розова и црвена), Glacial зелена и Onyx црна боја. Засега не е познато дали сите овие три бои ќе бидат во понудата и за OnePlus 8 и за OnePlus 8 Pro.

Во претходните извештаи беше наведено дека новиот OnePlus 8 Pro ќе располага со 6,78-инчен QHD+ екран со фреквенција на освежување од 120 Hz. Од останатите карактеристики се издвојуваат LPDDR5 RAM, четири камери на задната страна, батерија со капацитет од 4,510 mAh, отпорност на вода по IP68 стандардот, како и поддршка од 30 W брзо и 3 W реверзибилно бежично полнење.


„Помалиот“ модел OnePlus 8 ќе има 6,55-инчен FHD+ екран со фреквенција на освежување од 90 Hz, три камери на задната страна, LPDDR4X RAM, батерија со капацитет од 4,300 mAh, но овој телефон нема да има бежично полнење и отпорност на вода.

И двата уреди ќе работат на Qualcomm Snapdragon 865 5G процесор, а на пазарот ќе пристигнат веќе во текот на идниот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг