Лам: Сега е време фудбалерите да ѝ вратат на заедницата

Точка

30/03/2020

16:55

1.020

Големина на фонт

а а а

Филип Лам секогаш бил голем господин на теренот, спортист за пример и затоа е омилен меѓу љубителите на фудбалот и неговите колеги кои во моментов мораат пронудно да мируваат поради пандемијата со коронавирусот.

КОВИД-19 прави огромни проблеми, има многу заразено, има многу почитано, но има и сериозни еконски последи кои се чувствуваат и ќе се чувствуваат во иднина. Фудбалот сега се наоѓа во егзистенционална криза и Лам ги повика играчите да се однесуваат на најдобар можен начин и дадат сериозен придонес да се надмине оваа ситуација.

-Фудбалот дури и од оваа криза може да излезе уште посилен, но само под еден услов, ако фудбалерите се однесуваат како пример во јавноста, своето однесување во друштвото. Собирањето на средства покажа дека се уште постои чувство на одговорност, ова е добро време да се врати нешто на друштвото кое го носи нашиот спорт и луѓето кои го сакаат фудбалот. Фудбалот во моментов е во егзистенционална криза, потребна е солидарност. Фудбалот брзо ќе закрепне, откако ризикот од пренесување ќе се контролира со неопходна вакцинација, -порача Лам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг