Ванеса Брајант објави емотивно видео од Коби Брајант на кое со љубов зборува за нивната ќерка

Супермен

31/03/2020

13:56

1.437

Големина на фонт

а а а

Во својата нова објава на Инстаграм, 37-годишната Ванеса Брајант на свој начин одбележала два месеци од стравичната хеликоптерска несреќа во која го изгуби својот сопруг, кошаркарската легенда Коби Брајант и нивната 13-годишна ќерка Џијана.

На својот Инстаграм профил, Ванеса објавила видео на кое се гледа поранешната НБА ѕвезда како со емоции зборува за тренирањето на ќерката Џијана и за среќата која таа му ја донела бидејќи, токму како него, страстно играла кошарка. 

“Прво започна да игра фудбал кој е исто така мој омилен спорт, но потоа почна да ми бара совети за кошарка и јас почнав да ја подучувам, чекор по чекор, а таа уживаше во тоа. Сега обожува кошарка и игра секој ден”, вели Коби во видеото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk