Јувентус размислува за „бразилска трампа“ со Манчестер Сити во летниот преоден рок

Дерби

03/04/2020

11:24

985

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на Јувентус размислуваат да стапат во преговори со Манчестер Сити за размена на играчи.

Имено, клубот од Италија е подготвен да го понуди Даглас Коста во замена за Габриел Хесус кој е виден како идеален партнер за Кристијано Роналдо во нападот.

Пеп Гвардиола имаше успешна соработка со Даглас Коста во Баерн Минхен, па би можел да се согласи за ваква трампа во летниот преоден рок.

Минатата сезона двата клуба соработуваа кога во еден правец се пресели Данило, додека во Манчестер Сити пристигна Жоао Кансело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг