На светот официјално се заразени милион, но реалната бројка е 10 пати поголема: Австралиски доктор со драматична теорија за коронавирусот

Точка

03/04/2020

21:43

5.955

Големина на фонт

а а а

Ширум светот би можело да има 10 милиони луѓе заразени со коронавирусот, со оглед на тоа што извештаите во некои земји се неточни поради недоволното тестирање, изјави челникот на австралискиот здравствен систем.

Од синоќа бројот на заразени од Ковид-19 ширум светот се искачи на повеќе од еден милион, но австралискиот доктор смета дека таа бројка би можела да биде дури десет пати поголема.

„Ширум светот имаме еден милион заразени. Но, веруваме дека реалната бројка е десет пати поголема“, изјави за новинарите Брендан Марфи кој стана прво лице во државата во борбата со коронавирусот.

Според него, стапката на смртност варира толку многу затоа што не се детектирани многу заразени. Светската здравствена организација ги повика земјите значително да ги зголемат тестирањата на коронавирус, додека некои критичари нагласуваат дека постојат разлики меѓу земјите во начинот на броење на заразените случаи.


Кина – земја каде што изби пандемијата на коронавирусот дури од неодамна започна да ги брои асимптоматските случаи на коронавирусот, поради што многу научници упатија критики кон официјален Пекинг. Марфи не критикувајќи ја Кина, или било која друга земја, накратко изјави дека не верува на ниту едни податоци надвор од Австралија.

„Искрено, единствените бројки на кои целосно им верувам се податоците во Австралија“, изјави Марфи.

Инаку, според последните податоци, во Австралија има 5,300 заразени со Ковид-19, додека како последица на коронавирусот во оваа земја досега починаа 28 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг