Зеленски му претстави конкретен предлог на Трамп во врска со војната со Русија: „Подготвени сме“

Макфакс

23/09/2026

08:14

674

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пренесе својот конкретен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната со Русија, истакнувајќи дека се подготвени за дипломатски мерки и трилатерална средба со Русија за деескалација и мир.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и Вашингтон сакаат војната на Русија против Украина да заврши „пред зимата“, напоменувајќи дека со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал и за можни мерки за деескалација.

„И Соединетите Држави и Украина сакаат оваа апсурдна војна што ја води Русија да заврши пред зимата“, напиша Зеленски во соопштението објавено во вторникот, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Тој додаде дека со американскиот претседател разговарал за „мерки за деескалација кои би можеле да го отворат патот за дипломатија“.

Зеленски му претстави предлог на Трамп

Зеленски исто така им се заблагодари на Соединетите Држави за континуираната соработка околу започнувањето на производството на пресретнувачки ракети „Патриот“ во Украина. Украинскиот претседател со недели предупредува за итната потреба на неговата земја од овие ракети и ракетни системи.

„Ова ќе помогне да се заштитат животи доколку Русија одбие преговори и продолжи да се потпира на терор со балистички ракети врз нашиот народ оваа зима и понатаму“, рече тој.

На прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН, Зеленски исто така изјави дека му претставил предлог на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски капацитети, под услов Москва да го стори истото во однос на нападите врз украинската енергетска инфраструктура.

Тој му се заблагодари на Вашингтон

„Разговаравме за енергетски мораториум“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена за таков договор, под услов Русите да не ја напаѓаат украинската енергетска инфраструктура, системите за греење и електрична енергија или водоснабдувањето. Сепак, тој напомена дека не е сигурен дали Русите се подготвени да се согласат на таков договор.

Зеленски изрази благодарност до Вашингтон за напорите да се најде начин за започнување преговори. Тој исто така побара од Трамп да пренесе пораки до кинескиот претседател Ши Џинпинг, кого американскиот претседател треба да го пречека во Вашингтон.

„Отворено му кажав на претседателот Трамп дека сметаме оти, доколку го вклучи и претседателот Ши, тој би можел да изврши влијание врз Путин“, рече Зеленски.

Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин во секое време

По средбата со Трамп, Зеленски исто така изјави дека е подготвен лично да разговара со рускиот претседател Владимир Путин во обид да се стави крај на војната.

Подготвен сум да се сретнам со Путин во секое време“, рече Зеленски, додавајќи дека Трамп би можел да организира трилатерална средба на која лидерите на САД, Украина и Русија би разговарале за најчувствителните прашања и би се обиделе да најдат пат кон завршување на војната.

„Мислам дека сите треба да преземеме чекори што е можно поскоро“, рече Зеленски.

Трамп вчера исто така изјави дека Путин е „подготвен за средба“ за да се разговара за завршување на војната.