Одложен е мечот Џошуа-Пулев

Макфакс

04/04/2020

12:13

454

Големина на фонт

а а а

Мечот за титулата во тешка категорија помеѓу Ентони Џошува и Кубрат Пулев е одложен поради пандемијата на коронавирусот. Мечот требаше да се одржи на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Британецот Џошуа против Пулев прв пат во кариерата требаше да ги брани шампионските појаси во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО, кои ги освои со победата над Енри Руиз.

Од тимот на Џошуа соопштија дека веќе се работи на одредување на новиот термин.

Промотерот Еди Херн смета дека борбата би можела да се одржи во јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг