За нив кризата не важи! Богатството на американските милијардери порасна над 430 милијарди долари во текот на пандемијата

Супермен

22/05/2020

10:07

530

Големина на фонт

а а а

Додека милиони луѓе остануваат без своите работни места, и немаат месечни примања, петте најбогати Американци во текот на последниве два месеци го зголемиле своето богатство за 76 милиони долари.

Коронакризата влијае во целиот свет, а се одликува со многубројни недостатоци со кои што се соочува секое општество во државите ширум светот и секој еден поединец.

Додека константно слушаме дека најлошото штотуку треба да дојде, како за економијата така и за здравството со вториот бран на пандемијата, бројките на две американски организации покажуваат дека во текот на досегашниот тек на пандемијата забележале голем профит.

Па така, богатството на најбогатите Американци, во последниве два месеци значително се зголемило.


Во текот на двомесечниот карантин богатството на милијардерите во САД се зголемило од 2.948 билиони долари на 3.338 билиони долари, а богаството на петте најбогати Американци за два месеци пораснало за неверојатни 76 милијарди долари.

Во таа група спаѓаат Џеф Безос, за кој веќе пишувавме и кој што е ‘тежок’ околу 150 милијарди долари, потоа Бил Гејтс, Марк Закерберг, Варен Буфет и Лари Елисон.

Зборувајќи за процентите за зголемување на богатството, тука спаѓа и Илон Маск со компанијата „Tesla“, кој што во последнов период ги полни насловните страници со неговото однесување и контроверзни изјави.

Во однос од почетокот на кризата, неговото богатство се зголемило за 48 отсто и сега изнесува 36 милијарди долари, потоа Закерберг со богатство од 80 милијарди, Безос чие богатство се зголемило за 31 отсто...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk