Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник

Макфакс

24/05/2020

11:05

4.282

Големина на фонт

а а а

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот противник е име поголемо од тоа на Ивандер Холифилд, иако неговиот стар ривал исто така се подготвува за враќање во рингот.

Најавата на 53-годишниот „Челичен“ Мајк за враќање на боксот предизвика вистински бум со многу противници кои сами се нудеа за егзибициски меч кој би донел многу пари, но гостувајќи на радио-шоу со раперот Лил Вејн, Тајсон на прашање дали Холифилд е неговиот прв противник, изјави дека сите ќе бидат шокирани од името на неговиот противник.

„Не, има многу момци. Има толку многу момци кои сакаат да го соборат овој човек. Разговараме, правиме бизнис во моментов, и нема да поверувате кои имиња излегоа. Од понеделник ќе имаме договор. И не се работи за пари. Сите пари кои ќе ги заработам ќе одат на други места. Моите пари одат во добротворни цели“, вели Тајсон.

Тајсон, кој се пензионираше во 2005 по низа на неколку лоши мечеви, инсистира дека е во одлична форма, која ја покажа преку видеа на социјалните мрежи.

„Се чувствувам подобро од било кога во мојот живот. Господ имаше милост кон мене. Имам само 115 килограми! Сакам да помогнам на луѓето кои немаа толку среќа како мене. Ќе ги земам овие пари и ќе помогнам на бездомниците, на тие со зависности. Бидејќи и јас сум бил и бездомник и зависник, ја знам болката. Тешко се преживува“, додава Тајсон.

Тајсон вчера вечерта исто така беше гостин на АЕВ натпреварувањето за кечери на Флорида, каде што направи вистинско шоу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг