„Кога ми вадеа крв беше црвена, а кога ја враќаа проѕирна“: Тајсон ја откри тајната на својата нова младост – скапоцен третман

Супермен

29/05/2020

13:42

4.955

Големина на фонт

а а а

Снимката која што неодамна беше објавена, а на која 53-годишниот Мајк Тајсон тренира и најавува дека се враќа во рингот, па дури и во хуманитарни цели ги фасцинираше сите ширум светот.

Челичниот Мајк и во 50-те години е во врвна форма, но таков не бил пред неколку години.

Тој открил дека благодарение на новиот режим на исхрана изгубил повеќе од 60 килограми:

„Луѓето се тоа што јадат. Не јадам леб, компири, никакви јаглени хидрати, ништо што има калории. Јадам работи кои што имаат многу малку калории, како боровница и риба. Во последно време прехраната ми е на билна база, иако секој месец или пак на два месеци барем по малку јадам риба или пилешко месо. И, секако вежбам“ – изјавил Тајсон.

За новата младост не може да се заблагодари на исхраната и тренинзите. Шпански „Ас“ пишува дека тој направил третман со матични ќелии, кој што се базира на крв од папочна врвца на новороденчиња, коскена с’рж и телесна маса.

„Имав зголемен крвен притисок, практично умирав и имав артритис. Кога ми вадеа крв, беше целосно црвена, а кога ја враќаа, беше проѕирна, речиси можеше да се гледа низ неа“ – изјавил Тајсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk