Во Италија 111 смртни случаи од коронавирус, 416 се новозаразени

Макфакс

30/05/2020

21:41

2.527

Големина на фонт

а а а

Бројот на починати од ковид-19 во Италија се зголеми на 111, за 24 повеќе од претходниот ден, а 416 се новозаразени, што е помалку отколку во петокот, објави италијанската цивилна заштита.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија поради коронавирусот од почетокот на епидемијата на 21 март сега изнесува 33.340, според Цивилската заштита.

Бројот на потврдени случаи е 232.664, на шестото место зад САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Во моментов има 43.691 заболени пациенти. Бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега опаѓа веќе подолго време, па денеска се хоспитализирани 450 лица, 25 помалку од претходниот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг