Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

Макфакс

26/04/2024

17:26

1.274

Големина на фонт

а а а

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како непријател, изјави кинескиот претседател Кси Џинпинг на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува „Политико“.

„Нашите земји, мора да бидат верни на нивните зборови. Мора да си помагаме да напредуваме, а не да си наштетуваме“, рече кинескиот претседател кого Џо Бајден не еднаш го нарече „диктатор“, пренесува медиумот.

Покрај тоа, Џинпинг истакна дека има многу отворени прашања меѓу Кина и Соединетите Американски Држави кои бараат решавање.

Пекинг е иритиран од обидите на Вашингтон да го зајакне својот сојуз со Јапонија и Филипините, да обезбеди воена поддршка на Тајван и да го ограничи пристапот на Кина до напредните полупроводнички технологии.

Сепак, и покрај зголемените противречности, Блинкен ја уверил кинеската страна дека САД се посветени на развивање на односите „за добробит на двата народа“, пишува „Политико“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг