Халеп: Карантин? Сега сфатив дека јас живеам во изолација веќе шест години

Макфакс

30/05/2020

21:47

2.217

Големина на фонт

а а а

Светската тенисерка број 2, Симона Халеп вели дека по двомесечната изолација дома поради пандемијата на корона вирусот, сфатила дека и последните шест години живеела во слична изолација со целосно фокусирање на тениската кариера.

„Научив многу овие два месеци. Сфатив дека последните 6 години исто како да живеев во изолација. Сфатив дека морам да направам некоја промена во мојот живот за да ја развијам и емоционалната и личната страна. Со тоа што живеев во изолација станав светска тенисерка број 1, но сега, среќниот живот без тенис ми дозволува да имам нови искуства. И така имам менталитет дека во 22 часот треба да бидам дома, бидејќи утре сум на тренинг“, објаснува Халеп.


Таа признава дека враќањето на турнирите ќе биде тешко, но како и на другите тенисери и тенисерки и недостасуваат мечевите.

„Најдолгата пауза пред карантинот ми беше 3-4 недели и тогаш беше тешко, бидејќи губиш брзина, фокус, подготвеност. Не знам што правеа другите овие месеци, но јас чувствувам дека ќе биде многу тешко да се вратам. Можеш да тренираш пет часа дневно, но додека не одиграш официјален меч не знаеш каква ти е формата“, додава Халеп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг