Невил ги издвои двете најлоши засилувања на Јунајтед во ерата по Фергусон

Дерби

28/09/2026

13:15

771

Големина на фонт

а а а

Сер Алекс Фергусон си замина од Манчестер Јунајтед во 2013 година, а токму од тогаш почна падот на премиерлигашот кога се во прашање резултатите, успесите на највисоко ниво, поточно освојувањето на титули на домашната и меѓународната сцена.

Помина повеќе од една деценија, се сменија многу тренери, играчи, но и понатаму се говори за Фергусон, за неговото време и успешниот период за клубот со желба да се врати тоа време и „црвените ѓаволи“ одново да бидат страв и трепет во Англија, Европа и светот.

Меѓутоа треба работа, труд, вистинска посветеност и да се создаде одредена атмосфера во и околу клубот. Секогаш има многу врева, притисок врз актуелните играчи од некогашните асови на Јунајтед, критики кои некогаш се заслужени, но и понекогаш надминуваат одредени граници.

Низ овие 13 години дојдоа и си заминаат доста фудбалери од „Олд Трафорд“, а Гери Невил издвои две имиња, засилувања како најлоши.

-Ди Марија беше лош и патем, бев многу возбуден за него. Мислев дека ќе биде неверојатно засилување. Играч кој може да оди од шестанаесетник до шестнаесетник, брз, квалитетен, а потоа очигледно едноставно не се адаптираше, не се навикна. Сите тие причини. Тоа беше лоша пример.

-Кога гледате огромни трошоци, Антони. Ова не е критика кон момчето, туку е одраз на Јунајтед дека тој ги плати тие пари за него откако испаничи. Би рекол Антони и Ди Марија. Би рекол Антони, -истакна Невил.