Митревски погоди во победата на Алашкерт

Дерби

01/06/2020

12:23

711

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалски интернационалец, Ристо Митревски беше стрелец за Алашкерт во победата над Арарат во ерманскиот шампионат.

Митревски се најде во почетната постава на домаќинот и во 42 минута се најде на вистинското место и го зголеми водството на домаќините на 2-0. Во вториот дел Алашкерт доби црвен картон, меѓутоа гостите таа играчка предност не ја искористија, поточно само дадоа утешен гол од пенал за конечни на крајот 2-1.

Ристо и компанија се на второто место на табелата со 34 бода, односно имаат три помалку во однос на лидерот Арарат-Ерменија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг