Алжирскиот интернационалец и член на Дижон, Јасин Бензија се соочува со сериозни здравствени проблеми по тешката повреда која ја доживеал возејќи „баги“ во пустински предели.
25 годишниот офанзивец имал сообраќајна несреќа и тешко ја повредил раката, а според медиумите во Франција се соочува со ампутација на истата.
Со краток коментар, но без да прецизираат ништо се јавија и од неговиот сегашен клуб, Дижон.
– Бензија е опериран. Моментално нема никакви прогнози и чекаме да видиме што ќе биде, -изјави претседателот на клубот, Оливие Делкур.
Инаку Бензија освен за сегашниот клуб Дижон во кариерата настапуваше и за Лион, Лил, Фенербахче и Олимпијакос.