Популарниот боксер проговоре за она за кое сите ''гласно молчат'': „Што ќе биде доколку Мајк почине во рингот? Едно е 5 минути на Инстаграм, друго е 12 рунди“

Супермен

02/06/2020

14:25

3.674

Големина на фонт

а а а

Враќањето на Мајк Тајсон во рингот на 53 години засега е извесно, само прашање на време е кога ќе се случи тоа.

Тој наголемо се подготвува, во подобра форма е, а снимките кои што се појавија неодамна го потврдуваат тоа.

Сега се чека само на изборот на ривал, а се споменуваат многу: од легендарниот Ивандер Холифилд до Фјури.

И додека целиот свет со нетрпение ги очекува натпреварите, легендата на британскиот бокс Дилијан Вајт има целосно спротивно мислење.

Тој е против борбата на Фјури и Тајсон затоа што некој би можел да настрада.


„Тоа е будала работа. Мајк Тајсон би можел да почине во рингот. Се зборува за борба на 31-годишен и 53-годишен маж, а според мене тоа е нешто што нема смисла и не би требало да ги охрабрувате на таа тема“ - изјавил британскиот боксер за „Talk Sport“, па продолжил:

„Што би се случило доколку Мајк почине во рингот? Веќе има многу кал фрлен на овој спорт, повеќе нема потреба. Во ред е да гледате кога некој прави такви работи неколку минути на Инстаграм, но враќање во ринг и борба од 12 рунди... Тоа е малку поразлично. Во тој момент умот ви зборува едно, а телото друго нешто. Вие сте легенда, жива легенда и така нека остане“ - му се обратил тој на Мајк Тајсон.

„Не знаеме како Тајсон живее, што правел во минатото и што прави денес. Можеби сака да се тестира, но постојат многу други, полесни начини од враќањето и борба со младите луѓе кои што сакаат да ја покажат својата сила во рингот. Можеби сето тоа ќе има голема цена и тоа е мојот најголем сомнеж“ - заклучил Британецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk