„Ги намалив цените за над 50 отсто, но гости нема. Очајни сме“

Супермен

04/06/2020

10:15

7.335

Големина на фонт

а а а

За многумина најубавиот хрватски остров, моментално е празен. Една тамошна угостителка, секоја година е подготвена да ја дочека сезоната, а нејзините апартмани се преполни со гости, но не и оваа година.

Таа вели дека уште пред еден месец цените таму се значително намалени, што е објавено и на сајтот „Airbnb“, но реакција сè уште нема.

Дел од хрватските газди кои што изнајмуваат апартмани се очајни, затоа што поради пандемијата коронавирус, резервациите запреле.

Како што велат тие, не помага ниту намалувањето на цените.

„Пред короната бевме преполни до половина од месец јули, но не сум сигурна што можеме да очекуваме. Хвар зависи од ''авио-гостите'', а кај нас конкретно доаѓаат гости од Британија и Америка каде што вирусот е значително присутен“ - изјавила загрижената угостителка која што изнајмува апартмани во Хвар.


Како што вели таа, ''не очекувала домашните да реагираат, зошто тие вообичаено не резервираат одмор на Јадранско море по пат на порталите, но намалувањето на цените не пробудило интересирање ниту кај странците. Таа вели дека е загрижена поради фактот што нејзиниот оглас досега е прегледан само 100 пати''.

Таа изјавила дека апартман за двајца кој што претходната година го издавала за 150 евра од ноќ, сега го нуди за 90 евра, а доколку гостите останат повеќе од седум дена, цената се намалува за уште 25 отсто.

Освен тоа, во своите луксузни апартмани таа вложила многу, но оваа година нема да може да ја врати својата инвестиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk