Тринаесетте години во „Нова“ беа отскок за моите студии на колеџот во Бостон

Точка

04/06/2020

11:48

11.981

Големина на фонт

а а а

Jулија Кари е дел од заедницата на меѓународното училиште „Нова“ од своите четири години, а денес е матурантка и се подготвува да започне ново поглавје во животот студирајќи биохемија на колеџот во Бостон.

И покрај дилемата помеѓу две одлични училишта каде што е примена, „Беркли“ и колеџот во Бостон, таа ја одбира втората опција бидејќи станува збор за реномирана образовна институција, која има прекрасен кампус и голем избор на предмети. Дополнително, таа е добитник и на стипендија на колеџот, а и ова училиште одговара повеќе на нејзиниот карактер и амбиции.

- Дел сум од заедницата на „Нова“ веќе тринаесет години. Се приклучив на шареноликата заедница уште во градинка и сум сведок на постојаниот раст на институцијата. Причината поради која станав дел од заедницата на „Нова“ беше целосно одлуката на моите родители. Тие веруваа дека образованието што ќе го добијам во „Нова“ ќе ми помогне да го подобрам англискиот јазик и исто така ќе ми овозможи полесно да аплицирам и да заминам на колеџ во САД. Ова, всушност, се покажа како вистина, со оглед на тоа дека наесен ќе одам на колеџот во Бостон - вели Јулија.


Програмите AP и IB во „Нова“ се од суштинско значење

Кои би рекла дека се најголемите придобивки од образовниот систем во „Нова“?

Јас би морала да кажам дека најголемите придобивки се програмите и часовите кои се нудат во „Нова“. Покрај фактот што се учи на англиски јазик, „Нова“ нуди и голем избор на предмети, сите со различно ниво на тежина, дозволувајќи им на учениците да го изберат својот пат и да ги организираат своите часови според нивото што го сакаат. Верувам дека фактот дека „Нова“ ги нуди и програмите AP (Advanced Placement) и IB (International Baccalaureate) е клучна причина за успехот на учениците во средното училиште. Toa се две програми што во голема мера го подготвуваат секој студент за она што гo чека во годините на колеџ.


Можете ли да ни кажеш малку повеќе за процесот на аплицирање?

Отпрвин, планирав да аплицирам на факултети во Холандија и Англија, но во текот на летата помеѓу мојата прва и последна година во гимназија учествував на летни кампови на универзитетот „Браун“ и на универзитетот „Јејл“, искуства што допринесоа кон мојата одлука да го продолжам образованието во САД. Мојот процес на аплицирање го започнав рано за да избегнам непотребен стрес и да не ги завршувам апликациите во последна минута. Морам да кажам дека чекањето на одлуките од универзитетите беше постресно од самото испраќање на апликациите. Верувам дека мојата богата биографија беше најважниот елемент во мојата апликација бидејќи универзитетите во САД се заинтересирани да примат сестрани студенти кои имаат успеси во и надвор од училницата. Во принцип, процесот на аплицирање беше маратон на пишување есеи, кој ми одземаше многу време и енергија, но се покажа како многу корисен при добивањето на потврдните одговори.


Што те привлече кон биохемијата?

Уште од најраните сеќавања, часовите по наука ми биле омилени. По искуството на часовите по AP Биологија и AP Хемија бев сигурна дека главните теми што сакам да ги изучувам на колеџ ќе бидат поврзани со овие предмети. Причините поради кои сакам да започнам кариера во биохемијата вклучуваат: широк спектар на проблеми кои се решаваат и се вклучени во предметот, употребата на логика во разбирањето на научните концепти и лабораториската работа која го надополнува студирањето. Фактот дека има отворени прашања што чекаат решенија е само една од клучните причини за мојот длабок интерес за оваа тема.

„Нова“ ме подготви за онлајн часовите

Каде се гледаш себеси во иднина?

Јас би сакала да го продолжам своето образование на магистерски студии. По завршувањето на колеџ, би сакал да останам во Америка и да продолжам да учам. Сепак, не сум целосно сигурна дали би сакала да продолжам да учам биохемија и да работам на полето на научно-истражувачката работа или да преминам на правен факултет и да се посветам на изучување на законите за патенти. Сигурно, ова ќе го утврдам во третата година на колеџ и ќе продолжам во некој од овие правци.


Во изминатите неколку месеци, светската пандемија беше тема број еден. Дали тоа влијаеше на твоите планови и на образовниот процес?

Бев загрижена за тоа дали ќе ги започнам моите часови на интернет или на кампусот наесен. Како и да е, колеџот во Бостон има оптимистичен став дека тие ќе ги одржуваат часовите како што е предвидено. Како и многу други, чувствувам дека онлајн наставата е дефинитивно предизвик бидејќи не сум навикната да учам 100 отсто од материјалот самостојно. Но, нашето училиште и учениците вложија многу напор и мислам дека оваа алтернатива се одвиваше непречено. Се надевам дека ќе започнам со колеџ како што е предвидено на 31 август, но ништо не е сигурно и околностите би можеле да се променат во секој момент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг