Точка ТВ: Секоја година сè поголем бројот на скопјани кои аплицираат за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Точка

04/06/2020

21:09

2.677

Големина на фонт

а а а

На 1-ви јуни оваа година Град Скопје повторно објави јавни повици за субвенции за велосипеди и електрични тротинети.

Со оглед дека во последните денови една од темите во медиумите се токму субвенциите за велосипеди и електрични тротинети, па затоа отидовме на лице место да видиме што се случува пред Град Скопје.

Поразговаравме со Никола Наумоски, претставник од Град Скопје. Наумоски вели дека за овие субвенции Град Скопје одвоиле речиси 170.000 евра, за околу 2.000 велосипеди и 200 електрични тротинети.

Поради големиот интерес и мерките за претпазливост, се чека и до стотина метри за да се влезе во 'Барака 16' во Град Скопје, за да се побара субвенција за купен велосипед или електричен тротинет според принципот 'прв дојден, прв услужен'.

Интересот на граѓаните кои што набавиле велосипед или електричен тротинет е многу голем, а редот и физичкото растојание меѓу граѓаните го одржуваат редари. Граѓаните што чекаат ред ги почитуваат препорачаните мерки за лична заштита и носат маски.


Автор: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk