Светлосна експлозија посјајна од билион ѕвезди: Телескопот на „NASA“ снимил ''танц'' на две црни дупки – погледнете

Точка

17/06/2020

10:46

2.152

Големина на фонт

а а а

Во галаксијата која што е милијарди години оддалечена од нас, две огромни црни дупки биле заробени во космички ‘танц’ кој што произвел светлосна експлозија посилна од сјајот на билион ѕвезди, какво што е нашето Сонце.

Овој необичен пар на црни дупки бил заробен во галаксијата OJ 287, која што е на 3.5 милијарди светлосни години оддалечена од Земјата.

Една од црните дупки е апсолутен ''џин''. Нејзината маса е околу 18 милијарди пати поголема од нашето Сонце и таа е една од најголемите црни дупки која што научниците досега успеале да ја откријат.

Џуџестата партнерка од овој необичен танц е помала, но таа има 150 милиони пати поголема маса од нашите најблиски ѕвезди.

Речиси на секои 12 години помалата дупка се пробива низ огромен диск прашина и гас кој што ја опкружува нејзината супермасивна ''сосетка''.

Ова патување ослободува експлозија, чија светлина го надминува сјајот на билион ѕвезди.

Оваа восхитувачка ерупција е толку многу моќна, што на научниците видлива им е од Земјата, така што тие успеале да го предвидат и времето на интеракцијата на овие две црни дупки во далечната галаксија.

Лабораторијата на млазен погон на „NASA“, ја објавила снимката од оваа фасцинантна појава, погледнете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг