Точка ТВ: Каде согоруваат дел од сателитите? Најдалечната точка во Тихиот океан крие тајна

Точка

18/06/2020

21:10

3.414

Големина на фонт

а а а

На површина од околу 1.500 квадратни километри на океанското дно се наоѓаат ''гробиштата'' на сателитите. Поголемиот дел од сателитите се гасат на Земјата, но каде?

Помалите сателити целосно согоруваат, но делови од поголемите сателити можат да стигнат и до површината на Земјата.

За да не паднат на некое населено место, тие се насочуваат кон точка на океaнска непристапност.

На површина од околу 1.500 квадратни километри на океанското дно се наоѓаат ''гробиштата'' на сателитите. Засега има околу 260, воглавно руски.

Таму се наоѓаат и остатоците од вселенската станица „Мир“. Лансирана во 1986-та година, а угостила многу тимови астронаути и меѓународни истражувачи.

Било јасно дека 120 тони тешката вселенска станица нема да изгори во атмосферата, па во 2001-та година ја насочиле кон споменатото подрачје.

Рибарите тогаш забележале светкави парчиња како прелетуваат на небото.

Модулите за снабдување кои што патуваат кон Меѓународната вселенска станица, често согоруваат во тоа подрачје, но тоа не загрозува никој.

Тоа е така затоа што нивното влегување во атмосферата е контролирано, а во тој дел од океанот нема ниту бродови, затоа што е сиромашно со риба и е далеку од меѓународните поморски патишта.


И Меѓународната вселенска станица наскоро ќе заврши на дното на океанот. Таа во текот на наредните децении ќе биде деактивирана и внимателно насочена кон океанскиот пол на непристапност.

Тоа ќе биде спектакуларна сцена затоа што со своите 450 тони тежина е четири пати поголема од станицата „Мир“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk