Ова е температурата на која коронавирусот не може да преживее: Летото нема да ни помогне во сузбивање на вирусот?

Точка

25/06/2020

15:05

12.455

Големина на фонт

а а а

Летото започна, температурите почнаа да се искачуваат, а вирусот и понатаму е присутен... Зошто?

Д-р Бранимир Несторовиќ истакнал дека високите температури нема да имаат големо влијание колку што ќе има УВ зрачењето.

„Важен е индексот на ултравиолетовото зрачење кое што мора да биде над 3 за да го убие вирусот, а не температурата.

Еве, да кажеме во Австралија сега е топло, вирусот и понатаму се шири. Поточно, не многу. Температурата не е многу важна, туку УВ индексот на зрачењето затоа што тоа се зраците кои што го убиваат вирусот.

Штом бројката биде над 3, тогаш може да се очекува епидемијата да се смири“ - изјавил д-р Бранимир.


Дали високите температури навистина имаат влијание на коронавирусот?

Научниците неодамна покренаа неколку мали истражувања на таа тема и откриле дека сè уште нема доволно докази дали тоа е вистина.

Тоа што сигурно се знае е дека преживувањето на коронавирусот нема само врска со високите температури туку и со процентот на влага.

Вирусот е мртов дури на 92 степени по 15 минути

Сепак, група истражувачи од Универзитетот во Марсеј, докажала дека коронавирусот може да преживее долготрајно изложување на високи температури.

Имено, тие го загревале коронавирусот на 56 степени во тек на 30 минути, а потоа на 60 степени во тек на 60 минути и на 92 степени во тек на 15 минути и откриле дека екстремно високите температури се значајни за намалување на влијанието на вирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг