Неверојатна трансформација: Во Јунајтед беше меѓу најслабите, а денес има ''најдобри стомачни мускули на светот''

Супермен

30/06/2020

17:24

1.850

Големина на фонт

а а а

Нани на почетокот од 2019-та година одлучил да го напушти либански Спортинг и кариерата да ја продолжи во Орландо.

Сезоната во Америка прекина пред три месеци, но ќе продолжи на 9-ти јули на Флорида.

Овој 33-годишен Португалец во текот на паузата очигледно не губел време и вредно тренирал што јасно може да се воочи по неговото прекрасно тело.

Делува како да добил и неколку совети од Кристијано Роналдо, со кој што своевремено играше во Манчестер Јунајтед, а од тој период ни се враќа сликата на слабиот и жилав Нани кој што дели асистенции како на подвижна лента.

Сепак, дошло време за трансформација, па времето поминато во карантин го искористил на вистински начин.

Нани ја шокираше јавноста кога објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како неговото тело моментално изгледа.

Диета и вредна работа го дале овој резултат:

Oваа промена изненадила многумина, а и некои од неговите стари соиграчи, па колегата Јаник Џало напишал: „Човек со најмногу мускули од кога е дете и најмногу стомачни мускули на светот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk