Голем успех за македонската кинематографија: Тимот на „Медена земја“ доби покана за членство во Академијата која одлучува за Оскарите

Точка

01/07/2020

16:09

2.880

Големина на фонт

а а а

Томас Мекензи од филмот „Jojo Rabbit“ е еден од најмладите членови.

Академијата за филмски уметности и науки вчера објавила дека оваа година сака да прими 819 нови членови во тимот кој што одлучува за доделувањето на Оскарите. Интересно е тоа што и Балканот има свои претставници.

„Задоволни сме што можеме да повикаме толку талентирани луѓе да ни се приклучат. Никогаш претходно не сме имале толкава група луѓе која ги претставува сите сфери од животот, од целиот свет“ - порачале од Академијата.


Членовите можат да се приклучат во Академијата само доколку добијат повик, а повик можат да добијат само доколку биле номинирани за престижната награда Оскар или пак доколку ги спонзорираат двајца членови од Академијата од истата бранша.

За Македонија ова е голем успех, поради тоа што покана добиле и македонските филмски уметници - Љубомир Стефанов, Тамара Котевска и Атанас Георгиев.

Инаку, „Медена земја“ е прво македонско остварување номинирано за Оскар за најдобар странски филм и најдобар документарен филм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг