Точка интервју: Тарабунов нѝ открива дали и во кого е заљубен

Точка

01/07/2020

16:20

5.667

Големина на фонт

а а а

Последниов период беше исклучително тежок за сите, особено за оние кои директно беа загрозени и строго им се забрани да продолжат да си ја работат својата работа. Еден од нив е и музичарот Александар Тарабунов, кој за Точка раскажа како се чувствува, како го надминува овој период, што е она што треба да го очекуваме од него во иднина, дали е заљубен... Прочитајте го целото интервју во продолжение.

Што прави Тара во последниов период, како ти поминува времето?

Периодов го искористив продуктивно, направив домашно студио и постојано учам да аранжирам музика, спортувам и сè останато.

Што најмногу ти недостасува, како влијае на тебе овој невидлив непријател?

Најмногу ми недостасуваат настапите, дружењето со мојата публика, општо дружењето со пријателите и нормалниот живот.


Епидемијата многу ги загрози и музичарите. Каков е твојот став и мислење?

Тоа е факт дека не само музичарите, туку финансиски сите се загрозени на некој начин, али се надевам дека сè ќе се среди во иднина само треба да бидеме трпеливи.

Ти успеа да се издигнеш од целата ситуација и да нè изненадиш со ново музичко парче. Кажи нѝ нешто повеќе за песната.

Новата песна е моја прва песна на која јас направив аранжман и премногу сум задоволен од тоа како зазвучи, нормално за тоа ми помогна и Роберт Билбилов, кој што го збогати аранжманот и целата продукција. Спотот го направи Зоран Зонде Стојановски и со тоа ја заокруживме целата приказна на проектот.

Што да очекуваме ново од тебе и на кој начин ќе продолжи твојата работа со оглед на новонастанатата ситуација?

Јас не застанувам, моментално работам на нова песна, која има подинамичен ритам и таа е при крај, така да за кратко време ќе можете да слушнете нешто ново од мене.

Што се случува кај Тара на приватен план. Дали си заљубен?

Моментално сум заљубен во работата, а девојка немам :)


Од кого црпиш инспирација, кој ти дава најголем мотив за да продолжиш понатаму?

Инспирација црпам секојдневно од сè и сешто, во зависност од тоа како се осеќам, што ме интересира во моментот и како ќе се фокусирам, немам некоја формула за инспирација..

Што би им порачал на читателите на Точка после овој бурен период?

Да останат релаксирани, да бидат креативни, да внимаваат и да уживаат во животот.



Автор: Ц.Н.
Фото: Приватна архива



Спонзорирани линкови

Маркетинг